Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Манасиевски: СДС и Левица настапуваат синхронизирано, ставовите на Венко Заев денес се утрешни ставови на Апасиев

Прес конференција на Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ

Ставовите на Венко Заев денес се утрешни ставови на Апасиев, односно она што го вели СДС, утредента го повторува политичката партија Левица.

Веќе се потврдува договорот помеѓу СДС и Левица за координирано дејствување кога станува збор за блокирањето на новиот Изборен законик. Очигледно е дека нивните ставови не се разликуваат, напротив тие се надополнуваат.

Не е случајност што и СДС и Левица се противат на решението македонската дијаспора да добие полесен пристап до гласањето. Заедничката цел на политичката партија Левица и СДС им е да го спречат проширувањето на демократското право на нашите иселеници и да создадат нови пречки во изборниот процес.

Се повеќе им станува јасно на граѓаните дека синхронизацијата на ставовите на Венко Заев и Апасиев, е однапред договорена политичка стратегија.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се залага за донесување на Изборниот законик со широк политички консензус, за спроведување на реформите и за обезбедување можност македонската дијаспора да го оствари своето право на глас на поедноставен начин.

фото/видео/скриншот ВМРО ДПМНЕ