Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во академската 2025/2026 година најмногу студенти, 14 088, се запишале во областа Здравство и социјална заштита

Во академската 2025/2026 година се запишале 55 036 студенти, што претставува зголемување за 2.8 % во однос на претходната 2024/2025 година. Запишани студентки се 32 957 или 59.9 %, соопшти ДЗС.

Најголем број студенти, 77.8 %, се запишале на државните високообразовни установи, додека
22.2 % се запишале на приватните високообразовни установи.

Во прва година на студии, во оваа академска година, се запишале 16 212 студенти или 29.5 % од вкупниот број (тука се опфатени и студентите што се запишуваат во прва година по втор, трет и повеќепати), а 14 995 студенти во прва година се запишале првпат.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК

УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ОСТАНУВААТ ОТВОРЕНО ПРАШАЊЕ – Мицкоски вели дека ставот на Владата не е променет

ДЕСК