Обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче:
Вие сте оние кои секој ден размислувате дали да останете во својата земја или да заминете.
Вие сте оние кои не сакате да градите иднина врз лаги и врз систем во кој правдата важи само за некои.
Затоа сме тука. Затоа се бориме.
Не сме тука за да чекаме подобри времиња. Туку за да ги создадеме.
Не сме тука за да се помириме со тоа дека организирана криминална група управува со државата.
Туку за да ја вратиме државата во рацете на граѓаните.
СДСМ отсекогаш беше државотворна партија, тоа вие како млади го препознавте. Секогаш носеше храбри одлуки кои носеа просперитет и иднина за нашата земја, за нашата татковина.
Денес носител на промените не е само СДСМ, туку еден широк граѓански фронт.
Затоа што мораме сите заедно. Не само како партија, туку како граѓани кои сакаат успешна Македонија.
Затоа денес поединци, експерти, граѓански иницијативи и невладини организации, сите заедно стоиме под еден покрив – Фронтот за вистина и правда.
Фронтот не е само политички проект. Тоа е борба на сите кои сакаат Македонија да биде слободна, праведна и дел од Европа.
Борба во која секој млад човек кој сака да остане и да живее достоинствено има свое место.
Вие не сте само иднината.
Вие сте сегашноста.
Вие имате најмногу сила и енергија за оваа борба. И токму затоа оваа борба е ваша.
Останете. Борете се. Верувајте.
Македонија може подобро. И ќе биде подобра.
Нам не ни треба култ на лидер. Нам ни треба систем.
Нам ни треба слободна, демократска и правна држава а затоа ни треба европска Македонија.
Сите заедно! А, јас сум со вас сум.
До победа!


