Centar.mk
ЛОКАЛНО

ХАОС ВО ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ ПО НЕВРЕМЕТО: Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен!

– Поради силното невреме кое во текот на денешниот ден го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со службите и јавните претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза интервенција на терен, доколку има штети, поплави или потреба од итна реакција, соопшти скопскиот градоначалник Орце Ѓоргиевски.

– Во постојана координација сме со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и сите надлежни институции.
Сите капацитети се ставени во функција, со една цел навремена заштита на граѓаните и спречување на поголеми последици.
Екипите на Град Скопје ќе бидат на располагање во текот на целата ноќ и ќе интервенираат секаде каде што ќе биде потребно.
Не можеме да го запреме невремето, но можеме организирано, одговорно и заеднички да спречиме поголеми штети.

Ги повикувам граѓаните на внимателност, смиреност и соработка со надлежните служби, вели Ѓоргиевски.