Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО СТРУМИЧКО: „Опел корса“ излетала од патот и удрила во пластеници

На 29.06.2026 во 13:30 часот во СВР Струмица е пријавено дека на локалниот пат од с.Робово до с.Муртино, струмичко, патничко возило „опел корса“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Т.(22) од Струмица, со место на живеење во с.Мокриево, струмичко, излетало од патот и удрило во пластеници, сопственост на К.И. од с.Муртино.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката У.Т.(62) од с.Мокриево, струмичко, констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица.