Под влијание на серија влажни воздушни бранови до петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи, особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Температурите ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време и ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Прогноза за 02.07.2026
Минимална температура: 12°C до 29°C
Максимална температура: 26°C до 35°C
Променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на град.
Прогноза за 03.07.2026
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 27°C до 35°C
Променливо облачно и нестабилност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на град.
Прогноза за 04.07.2026
Минимална температура: 13°C до 20°C
Максимална температура: 25°C до 33°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h).


