Србија повторно воведува задолжителна воена служба од март следната година, која ќе трае 75 дена и ќе ги опфаќа мажите под 30 години. Српскиот претседател Александар Вучиќ го објави овој потег, нагласувајќи дека регрутацијата ќе биде „многу кратка“.
Ова ќе ја врати Србија во системот што го напушти во 2011 година кога се префрли на целосно професионална армија./Извор:Makfax


