Centar.mk
-МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

СОНЧЕВО И МНОГУ ТОПЛО: Температурите ќе се искачат до 38 степени

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови претежно од источен правец, а во источните од променлив правец.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од 13°C до 22°C, а дневните ќе достигнат од 29°C до 38°C.

Најтопло ќе биде во јужните и југоисточните делови од земјата, каде температурите ќе се искачат до 38°C, додека посвежо ќе биде во западните и југозападните предели.