Centar.mk
фото ЈС фотографи
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 39°C: Македонија под влијание на топла воздушна маса од југ

Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Од среда се очекува мал пад на дневната температура и локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 29.06.2026
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 32°C до 39°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Прогноза за 30.06.2026
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 31°C до 39°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Прогноза за 01.07.2026
Минимална температура: 12°C до 22°C
Максимална температура: 29°C до 38°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Можеби ќе ве интересира

УЖАС ВО МАКЕДОНИЈА: Обљуба врз 12-годишно девојче – Приведен 21-годишник по пријава

ДЕСК

РАСПРАВИЈА ЗА ДОБИТОК ЗАВРШИЛА СО СКРШЕНИЦА – Татко и две ќерки осомничени за напад на жена

ДЕСК

Панова: Случајот со Алта банка не смее да биде предмет на политизирање, туку на институционално постапување врз основа на проверени факти

ДЕСК