Во 2025 година бројот на умрените лица од насилна смрт е зголемен за 6.8 % во однос на претходната година и изнесува 546 умрени лица. Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.7 %. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во 2025 година поголемо учество имаат машките лица, и тоа 68.5 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи, кои учествуваат со 82.2 %, самоубиствата со 14.8 % и убиствата со 2.9 %.
Во категоријата несреќни случаи, најголемо учество имаат умрените лица од други надворешни причини за случајна повреда со учество од 43.4 % во вкупниот број случаи од насилна смрт.
Во категоријата самоубиства, најголемо учество имаат случаите кај кои смртта настапила поради бесење, странгулација и суфокација со учество од 7.1 % во вкупниот број случаи од насилна смрт.
Во категоријата убиства, случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје имаат најголемо учество со 1.5 % во вкупниот број случаи од насилна смрт.


