Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МАЖ ИЗМАМЕН ЗА 3.400 ЕВРА: Жена лажно се претставувала како универзитетска професорка и му ги собрала парите

На 26.06.2026 во 10:20 часот во СВР Тетово, 67-годишен маж од Тетово пријави дека бил измамен од женско лице од с. Неготино, полошко, која лажно се претставувала како универзитетска професорка. Пријавителот во неколку наврати во изминатите три месеци ѝ позајмил 3400 евра, затоа што наводно нејзината ќерка доживеала сообраќајна несреќа во Франција, па и биле потребни за лекување. Но, во меѓувреме дознал дека таа го измамила, по што случајот го пријавил во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК