Ветивте подобар живот, ништо не испорачавте, граѓаните живеат полошо, порача претседателот нна СДСМ, д-р Венко Филипче, во пратеничкото прашање упатено до премиерот Мицкоски. Филипче посочи дека наместо подобар живот, по две години власт на Владата ВМРО, граѓаните се соочуваат со намален животен стандард, високи трошоци и неисполнети ветувања.
„Што добија граѓаните – поскап живот, празни паричници, празни фрижидери, презадолжена држава, партизирани институции, тендери, лаги и изолација. Ни 10% од програмата нема исполнето, само лаги, изолација и партиски тендери“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ нагласи дека трошоците за живот и цените континуирано растат, граѓаните се посиромашни, а власта две години не сака да слушне за 600 евра минимална плата.
„Ветивте поголем животен стандарт. Животниот стандарт е намален. Сиромаштијата е зголемена. На едно четиричлено семејство му се потребни најмалку 70.000 денари за да го протурка месецот и тоа за најосновните работи. Кога таа потрошувачка кошничка малку ќе се прошири, она како што реално е, потребни се меѓу 80.000 и 90.000 денари. Ветивте поголеми плати, а македонските работници сега имаат најниски плати во Европа. Три минимални плати едвај ги покриваат основните трошаци за животот. Нема 600 евра минимална плата. Не само што нема, не сакате ни да слушнете да дискутирате за ова“, рече Филипче.
Тој додаде дека и во вакви услови на растечка инфлација, Владата на ВМРО наместо со ребалнсот да ги крати расходите, ги зголемува.
„Ветивте инфлација од 2,5 %, а таа е сега 4,85, речиси двојно повисока од вашето ветување и од европскиот просек. Буџетот е пред колопс. Нема пари за ништо. Ветивте нормален дефицит, а целокупниот годинешен буџетски дефицит веќе е потрошен. И сега дополнително најавувате зголемување на дефицитот за нови 100 милиони евра.И на инфлација од 4,8 %, нема намалување на расходите, нема намалување на трошаците за луксуз во Владата“, рече Филипче.


