Изградбата на новиот мега парк во Општина Бутел е во завршна фаза, а наскоро овој современ зелен простор ќе биде ставен во функција и предаден на користење на граѓаните, соопшти Град Скопје.
На површина од 8.000 квадратни метри, просторот кој со години беше запуштен и неискористен се трансформира во модерна зелена оаза, наменета за одмор, рекреација и дружење на сите генерации.
Паркот ќе располага со богато хортикултурно уредување, пешачки патеки, детски игралишта, фитнес зони и урбана опрема, создавајќи пријатна и безбедна средина за секојдневен престој на граѓаните.
Реализацијата на овој проект претставува уште еден значаен чекор кон создавање позелено, почисто и поквалитетно урбано опкружување, како дел од заложбите за унапредување на јавните простори и подобрување на квалитетот на живот во Скопје.
Мега паркот во Бутел наскоро ќе ги отвори своите врати за граѓаните, нудејќи ново место за рекреација, спорт и семејни активности.


