Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ОПАСНА НОЌ ВО ТЕТОВО: Џип со битолски таблици бегал од полицијата, па се забил во службено возило – кога полицајците виделе кој е внатре се изненадиле

На 24.06.2026 во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 17-годишник од с.Порој, тетовско. Претходно, во периодот од 03:00 до 04:00 часот на ул.„Ѓоце Стојчевски“ во Тетово, полициски службеници забележале патничко возило „џип“ со битолски регистарски ознаки како се движи во спротивна насока. Возачот не застанал на даден знак за запирање, туку со голема брзина го свртел возилото и продолжил да бега низ повеќе тетовски улици.

Притоа, на паркинг простор на ул.„Илинденска“ со службено возило „шкода јети“ му бил попречен патот, по што свртел и удрил во службеното возило.

По извршени проверки било констатирано дека го управува возилото без да поседува возачка дозвола. Во присуство на родител и адвокат, со него е извршен службен разговор, возилото е одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна приајва.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК