Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДРАМА ВО ТЕТОВО: Возел без дозвола, па агресивно се однесувал при полициска контрола

На 23.06.2026 во 19:30 часот на ул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода лице(26) од с.Желино и лице(25) од Тетово.

При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 26 годишникот. и по извршени проверки било констатирано дека го управува возилото без возачка дозвола. При обид за негово лишување и одземање на возилото, 26 годишникот агресивно се однесувал, при што удирал во патничкото возило, додека неговата сопатничка, ги спречувала полициските службеници и физички ги нападнала.

Двајцата се задржани во полициска станица, а возилото е одземено. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК