Centar.mk
пороен дожд / фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

НЕВРЕМЕ НА ПОВИДОК: Дожд, грмежи, силен ветер и услови за град во делови од Македонија

Ќе се задржи нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Температурите ќе останат високи, но во делови од земјата ќе бидат малку пониски во споредба со претходните денови. Минималните температури ќе се движат од 13 до 20 степени, а максималните од 27 до 35 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните и јужните предели, каде се очекуваат вредности до 35 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со услови за локална нестабилност, дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 17 до 32 степени. На запад и југозапад максималните температури ќе бидат околу 27 степени, додека во источните делови ќе се движат околу 27 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК