Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Петрушевски: Филипче однапред капитулира пред Бугарија и ја подготвува македонската јавност за нови национални отстапки ако дојде на власт

Прес конференција на Бране Петрушевски од ВМРО ДПМНЕ:

Додека Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои се негираат македонскиот јазик, историја и идентитет, Венко Филипче не гледа никаков проблем. Наместо да застане во одбрана на македонските национални позиции, тој ја убедува јавноста дека нема причина за загриженост.

Филипче не преговара, не бара гаранции и не поставува црвени линии. Напротив, тој уште пред да добие каква било одговорност од граѓаните испраќа порака дека е подготвен да ги прифати условите кои Македонија со години ги одбива како неправедни и понижувачки.

Тоа е однапред прифатен пораз.

Истата политика ја водеше и Зоран Заев. Прво ги убедуваше граѓаните дека нема опасност, а потоа следуваа отстапките. Денес Филипче ја повторува истата матрица, прво ги релативизира бугарските барања, а потоа ќе бара оправдување за нивно прифаќање.

Затоа Филипче е политичко продолжение на Заев, кој е подготвен да оди и чекор подалеку доколку тоа му отвори пат до власт.

Македонските граѓани не бараат политичари кои однапред капитулираат и ги прифаќаат туѓите диктати. Бараат политичари кои ќе знаат да ги бранат државните и националните интереси.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи враќање на политиките на попуштање, понижување и национални отстапки. Македонскиот идентитет, јазик, историја и култура не се предмет на преговори и политичко пазарење.

фото/видео ВМРО ДПМНЕ

Можеби ќе ве интересира

СДСМ СО ТВРДЕЊА ЗА ПРОМЕНИ ВО ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ – Бара објаснување за одредбата за вториот столб

ДЕСК

Тошковски на промоцијата на „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зоната

ДЕСК

РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ КИРИЛ ЈА ПРИМИ ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА МПЦ-ОА – Македонската црква ја нарече помесна црква со законска автокефалност

ДЕСК