Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Владата ги префрла парите од други програми и нема исплата на субвенции за други земјоделци

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање на средбата со земјоделците во Босилово, посочи дека Владата манипулира со исплатата на субвенциите за земјоделците, ги префрла парите од други програми и нема исплата на субвенции за другите сектори во земјоделието.

„Сега се исплаќаат субвенции за тутунарите, но што се случува? Парите ги префрлаат од други програми и нема исплата на субвенции за другите сектори во земјоделието. Не се исплатени субвенциите за раноградинарски култури, а тие се исплаќаат вообичаено пред субвенциите за тутунот“, рече Филипче.

Воедно, претседателот на СДСМ додаде дека Владата нема слух за добрите предлози што доаѓаат од опозицијата, и потсети дека минатата година беше одбиен и предлогот на СДСМ за зголемување на откупната цена на грозјето. Филипче најави дека СДСМ повторно ќе излезе со нови предлози за поддршка на земјоделците.

„Жалам што нема слух оваа власт и сите наши добри предлози ги одбива. Минатата година дадовме предлог да се зголеми откупната цена на грозјето. Тоа не се случи. Го одбија тој предлог. Ќе дадеме веќе овие денови некои предлози. Се надевам дека ќе има слух, но за жал мислам дека ќе продолжи праксата во која што оваа власт нема тие добри предлози да ги прифати“, порача Филипче.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК