Centar.mk
Screenshot
МАКЕДОНИЈА

МИЦКОСКИ НАЈАВИ РАЗГОВОРИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА: Почнуваат по 17 јуни

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела ќе започнат разговори со владините коалициски партнери за најавената реконструкција на Владата.

Според неговата изјава, разговорите ќе почнат по одбележувањето на роденденот што ќе се одржи на 17 јуни во Струмица, на стадионот, со почеток во 20 часот.

„Следната недела, по роденденот што ќе биде на 17 јуни во Струмица со почеток од 20 часот на стадионот, после тоа, следниот ден, почнуваме разговори со владините коалициски партнери околу реконструкцијата на Владата“, изјави Мицкоски.

Со ова, премиерот потврди дека темата за реконструкција на владиниот состав влегува во следна фаза, односно во консултации со партнерите од коалицијата.

Засега не се соопштени детали за тоа кои ресори би можеле да бидат опфатени со реконструкцијата, ниту какви кадровски промени се разгледуваат.

фото: скриншот од видео на Влада