Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Остануваат двајца Мицкоски – на ниту еден не може да му се верува

Соопштение на СДСМ:

Во ВМРО постојат двајца Мицкосски.

Едниот, во опозиција, ветуваше дека ќе го врати името, дека ќе го поништи Преспанскиот договор, ќе обезбеди подобра преговарачка рамка.

Другиот, на власт, го нарече Преспанскиот договор „ремек-дело на дипломатијата“, а НАТО го прогласи за „најдобра работа за безбедноста и инвестициите“.

Сега повторно имаме двајца Мицкоски.

Едниот најавува реконструкција на владата и продолжување на мандатот.

Другиот веќе отворено зборува за предвремени избори.

Во Македонија е против ЕУ, а во странство се претставува како голем поддржувач на ЕУ.

Овде не спроведува реформи и заедно со Латас води анти-ЕУ кампања, а во странство се фотографира и објавува дека наводно сака европска иднина за државата.

Во странство преговара за мигранти односно „економски работници„, а дома им зборува на граѓаните дека нема да ги има. Едниот вели нема да има а што вели другиот?

Ние рековме, избори, па мигранти.

Мицкоски толку многу лаже, што ги лаже граѓаните, ги лаже своите членови, ги лаже коалиционите партнери, а на крајот се лаже и себе си.

Кој Мицкоски е вистинскиот?

Дали е оној кој сака да остане на власт до крајот на мандатот, или оној кој веќе се подготвува за избори затоа што нема пари во буџетот и не може да ја одржува власта?

Граѓаните веќе знаат дека не може да му веруваат.

Еден ден Мицкоски вели едно, друг ден – сосема спротивно.

Ова не е политичка стратегија, туку доказ за слабост, несигурност и за тоа дека власта се распаѓа одвнатре.

Кој Мицкоски е вистинскиот?

Граѓаните веќе знаат – ниту еден.