Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ТЕНЗИЧНО ВО СЕЛО РОМАНОВЦЕ: Физички напад завршил со повредени лица

На 11.06.2026 во 01:27 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода лице(45) и 17-годишник, двајцата од село Романовце, кумановско, затоа што во село Романовце физички го нападнале лице(25), при што бил употребен нож и две лица се здобиле со повреди.

По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.