Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицковски од „нема избори“ до „избори многу скоро“

Соопштение на СДСМ:

Мицковски денес изјави дека парламентарни избори ќе има многу скоро.

Ова доаѓа откако со месеци тврдеше дека нема да има предвремени избори и дека мигрантите, односно економските работници нема да доаѓаат оваа година.

Сега, одеднаш, изборите се „многу скоро“.

Ова не е прв пат Мицковски да ја менува приказната според моменталната потреба.
Има двајца Христијан Мицкоски.

Едниот ќе го враќаше името, најавуваше поништување на Преспанскиот договор а другиот го прогласи за ремек-дело на дипломатијата.

Едниот беше против НАТО, другиот сега го фали со членството.

Едниот со Латас водеше антиевропска кампања, другиот во странство кажува дека ќе прави реформи и дека оди кон Европа.

Исто е и со изборите.

Додека имаше пари и можност да се задолжува, Мицкоски тврдеше дека избори нема да има.

Сега, им снемува пари, не може да ја задолжува државата и граѓаните колку што сака, одеднаш изборите вели дека се „многу скоро“.

Мицковски и неговата банда се плашат од моментот кога ќе немаат повеќе пари за да ја одржуваат власта и тендерите.

Затоа, штом ќе им снема пари за задолжување, ќе побрзаат кон избори.
На сите сега им е јасно.

Нема веќе граѓанин во Македонија што не знае дека Мицкоски дојде на власт со лаги и дека денес владее со лаги.