Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ТЕТОВО: Жена тепала мало дете на улица, минувачи застанале да го заштитат, а мајката го оставила и си заминала

На 09.06.2026 во 17:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека околу 14:15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, жена го тепала своето дете, на возраст од околу три-четири години.

Според пријавеното, откако случајни минувачи реагирале и застанале да го заштитат детето, мајката го оставила детето на улицата и заминала со количка во која имало друго малолетно дете.

Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање и утврдување на идентитетот на сторителката и расчистување на случајот, додека детето по укажување на лекарска помош е предадено на Центарот за социјални работи Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Mozzart и годинава ја продолжува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – Битола добива нов мини-пич терен!

ДЕСК

ЛИНК ГО ОСТАВИЛ БЕЗ ИЛЈАДНИЦИ ДЕНАРИ: Четириесет и седумгодишник измамен преку онлајн платформа

ДЕСК

Беким Сали: Реформите носат конкретни резултати – Северна Македонија останува меѓу лидерите во спроведувањето на Реформската агенда

ДЕСК