На 09.06.2026 во 13:30 часот во СВР Тетово, 47-годишник од Тетово пријавил дека бил измамен за сума од 20.000 денари.
Според пријавеното, на 06.06.2026 преку онлајн платформа добил порака во врска со наводна уплата за резервација на стан во Скопје, го отворил линкот и ги внел податоците од својата платежна картичка, по што му биле побарани и повлечени парите. Откако сторителот побарал дополнителни 25.000 денари, тој се посомневал дека е измамен, по што ја контактирал матичната банка која веднаш ја блокирала картичката. Се работи на расчистување на случајот.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


