Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Царинска управа: Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење на 312 парчиња пури

Поголема количина на пури во вредност од четири илјади евра се запленети од мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи по извршена контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Против лицето К.Б, македонски државјанин, е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик. Осомничениот е возач на автобусот вработен во компанија која врши меѓународен патен превоз.

Во конкретниот случај, мобилен царински тим, поради основано сомневање го застанал автобусот на детална контрола при што под седиштата како и во фабричка шуплина се пронајдени вкупно 312 парчиња пури од различни производители. Избегнатите давачки се проценети на 174,9 илјади денари. Акцизните производи, кои се предмет на обид за криумчарење се запленети и со донесување на наредба од ОЈО Куманово истите ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.

Царинската управа продолжува со засилени контроли со цел спречување на нелегална трговија со акцизни производи, заштита на финансиските интереси на државата, заштита на здравјето на граѓаните и овозможување услови за фер економија.

Можеби ќе ве интересира

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

ДЕСК

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

ДЕСК

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

ДЕСК