Centar.mk
фото РКЕ
БИЗНИС

РКЕ И ЕВН НА ЗАЕДНИЧКА МАСА: Фер пристап кон потрошувачите и поддршка на инвестициите остануваат приоритет

Поминати се времињата кога енергетиката значеше само производител, пренос и потрошувач. Сега имаме динамичен систем во којшто сите треба да вложиме максимален напор за да го одржиме и да обезбедиме стабилна испорака на електрична енергија за граѓаните – порача Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), кој заедно со членовите на комисијата одржа состанок со менаџментот на ЕВН Македонија, соопштија од РКЕ.

„Ние сме дел од сектор во којшто e неопходен стратешки пристап и клучно е да се делува година дена однапред, затоа што процесите се динамични. Очекувам да продолжите со инвестициите што ќе значат подигнување на квалитетот на услугата на граѓаните. Во претстојниот период ќе имаме многу предизвици за да се подготвиме за поврзување на домашниот со европскиот пазар“ посочи Ацо Ристов, претседател на РКЕ.

Фер пристап кон потрошувачите и поддршка на инвестициите е принципот врз основа на кој регулаторот ќе продолжи да делува низ соработката со ЕВН Македонија.

„Во овие 20 години во коишто ЕВН Македонија е активна на нашиот пазар се случија доста промени, како во техничка смисла, така и во делот со унапредување на услугите. Сега сме веќе дојдени во фазата каде што дигитализацијата и вештачката интелигенција ќе не водат понатаму.“ посочи Ацо Ристов, претседател на РКЕ.

фото: РКЕ

Можеби ќе ве интересира

НОВА КУРСНА ЛИСТА ЗА ПОНЕДЕЛНИК – Еве колку денари вредат еврото, доларот и швајцарскиот франк

ДЕСК

ДИПЛОМАТА ВЕЌЕ НЕ Е ДОВОЛНА ЗА РАБОТА – Европските компании сè повеќе ги оценуваат вистинските вештини

ДЕСК

Johnson Matthey оствари силен шестмесечен раст и ги подобри прогнозите за целата фискална година

ДЕСК