Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Јавни расправи на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, на 10 јуни 2026 година (среда), со почеток од 10:00 часот во Сала 6, ќе одржи Јавна расправа на тема: „Имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулската конвенција)“ и Јавна расправа на тема: „Нацрт-национална стратегија за превенција и заштита од родово-базирано насилство врз жени и семејно насилство 2026 – 2033“.

Нашата земја беше мегу првите земји што ja потпишаа Истанбулската конвенција и истата е ратификувана од Собранието во декември 2017 година, а е на сила од јуни 2018 година. Со тоа државата се обврза да преземе законодавни и други мерки заради обезбедување правна, институционална и организациска рамка за превенција на насилството врз жените, заштита на жртвите на насилство, како и казнување на сторителите на насилството.

Националната стратегија има за цел да обезбеди функционален, усогласен и одржлив систем за спречување и заштита од родово базирано и семејно насилство, заснован на човекови права и родова еднаквост. Со неа се воспоставува интегриран пристап кој ги поврзува различните надлежности, услуги и сектори во заеднички систем за превенција, заштита и поддршка, засновано на принципот на должно внимание.

На јавната расправа, покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, поканети се сите пратеници,претседателот на Собранието, потпретседателката на Собранието, генералната секретарка на Собранието, претседателката на Републиката, Владата, Министeрствата за: социјална политика демографија и млади, внатрешни работи, здравство, правда, образование и наука, финансии, енергетика, рударство и минерални суровини, европски прашања, животна средина и просторно планирање, спорт, транспорт и врски, ЈУ Заводот за социјални дејности – Скопје и ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје, Интерресорската консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите, единиците на локална самоуправа, ЗЕЛС, Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги, Заводот за социјални дејности, Јавната здравствена установа, Јавната установа, претставници на Народниот правобранител, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Институтот за родови студии, меѓународните организации, Организација за безбедност и соработка на Европа ОБСЕ, Советот за етика во медиумите во Македонија, Фондот на Обединети нации за население, УНДП, Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (Un Women), НДИ, ИРИ, ДЦАФ-Центар за управување со безбедносниот сектор – Женева – подружница Скопје, претставници на НВО секторот од оваа област, експерти, како и претставници на Делегација на Европската Унија и на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Беким Сали: Реформите носат конкретни резултати – Северна Македонија останува меѓу лидерите во спроведувањето на Реформската агенда

ДЕСК

Денес завршува учебната 2025/2026 година – Јаневска со порака до учениците

ДЕСК

Дома се штеди, надвор се полнат торби: Што кажува шопингот преку граница за нашите цени?

ДЕСК