Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека утре (10.06.2026), во периодот од 12:00 до 13:00 часот, во атарот на село Грачани, скопско, ќе се спроведе симулациска вежба.
За потребите на вежбата на терен ќе бидат ангажирани полициски службеници и службени возила, поради што е можно зголемено присуство на припадници на безбедносните служби во наведениот реон.
– Апелираме до граѓаните кои ќе се најдат во близина да ги почитуваат насоките на службените лица, велат од МВР.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


