Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: 65,7 милиони евра за Македонија од Планот за раст за спроведени реформи од Реформската агенда, најмногу од целиот регион, а кога СДС говори за корупцијата нека почне прво со чистење на својот двор кој е полн со криминалци

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Лидер во Реформската агенда за Западен Балкан е Македонија. Не Црна Гора која е фронтранер за влез во ЕУ, не Албанија за која исто така се вели дека е фронтранер, не Србија, Босна и Херцеговина или Косово. Македонија.

Од 4 извештаи за Реформската агенда, Македонија 3 пати е на првото место во исполнување на реформите. Последен доказ за тоа се доделените 65,7 милиони евра за Македонија од Европската комисија за остварување на реформите. Ако не правите реформи нема да има пари. Со тоа што имаме најмногу добиено од цел регион, тезата на СДС пропаѓа во вода.

А токму тоа им смета на СДС, кои не знаат како да се однесуваат кога некој во државата работи во интерес на граѓаните. Тие се навикнати на неработа, на крадење и на местење тендери, договори и анекси.

Кога говорат за корупцијата и криминалот, ги посочуваме да погледнат во својот двор. Имаат човек во Извршниот одбор кој е осуден на 8 месеци затвор, Филип Андов – Сокол. Поранешен потпретседател на СДС и дете на Заев, Стефан Богоев фатен со мито за местење тендер. Поранешен градоначалник на општина Свети Николе од редовите на СДС, добил кривична пријава за злоупотреба на службената положба. Поранешниот функционер на СДС, Васко Ковачевски, избеган во странство поради криминал. Модуларната болница во Тетово, поради 20% анекс на договор кој го потпишал Филипче се запали и изгореа 14 наши сограѓани.

Корупцијата и криминалот е во сржта на СДС.

Можеби ќе ве интересира

„Чебрен“, „Галиште“ и нови ветерни паркови ќе ја зајакнат независноста на државата, вели премиерот Мицкоски

ДЕСК

Бегство од брзото секојдневие: Селата во Туркије меѓу најпосакуваните дестинации за мирен одмор

ДЕСК

Бојковска: Роамингот како дома станува реалност со ВМРО-ДПМНЕ, испорачуваме резултати, а не изговори

ДЕСК