Centar.mk
фотографијата е генерирана со AI за потребите на Centar.mk
СВЕТ

Разорен земјотрес ги погоди Филипините: Прв со јачина од 7,8 степени, проследен со серија застрашувачки потреси

Разорниот земјотрес со магнитуда од 7,8 степени што го погоди јужниот дел на Филипините во понеделник, околу 1:30 часот по македонско време, одзеде најмалку еден живот и уништи бројни згради и куќи. Веднаш по земјотресот беше издадено предупредување за цунами за целиот регион.

По овој разорен, следеле низа силни земјотреси, од кои најсилниот бил 6,1 степени според Рихтеровата скала.

Властите на Филипините и Индонезија ги повикаа жителите на погодените крајбрежни региони веднаш да се преселат на повисоки места откако земјотресот беше регистриран на околу 24 километри западно од покраината Сарангани на островот Минданао.

„Досега е пријавена една жртва и четири повредени лица. Ова е само првичен извештај“, изјави за АФП вишиот наредник Роберт Дагон од градската полиција на Генерал Сантос.

„Се урнаа низа згради. Многу згради беа погодени, но не можам да ги избројам во моментов бидејќи сме зафатени со тековните спасувачки напори“, рече Дагон.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажаа како се урива трговски центар за ресторани со брза храна „Џолиби“ во Генерал Сантос, додека зграда на локалниот училишен кампус се урна во друг град.

Центарот за предупредување од цунами во Пацификот соопшти дека се можни цунами бранови „во следните три часа“ по должината на бреговите на Филипините, Индонезија, Палау, Тајван и Папуа Нова Гвинеја.

Силен потрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето околу два часа по првичниот земјотрес, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор ја прекина наставата во погодените области на Минданао, повикувајќи ги жителите во крајбрежните области веднаш да се евакуираат.

„Преместете се на повисоки места сега. Не чекајте. Вашиот живот е поважен од сè друго“, рече претседателот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Повлечено предупредувањето за цунами по земјотресот на Филипините

C +

Министерот за одбрана на САД: Голем договор со Иран е блиску

C +

Каја Калас: На Блискиот Исток не му е потребна ескалација

C +