Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ПОЛИЦИЈАТА СПРЕЧИЛА ПОГОЛЕМ ИНЦИДЕНТ: Напад на наплатната станица Желино заврши со приведување

На 07.06.2026 во 19:00 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај наплатната станица Желино, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиja од слобода лице (41) од село Добридол, поради основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Имено, според пријавеното, претходно на наплатната станица тој физички и со тврд предмет го нападнал Н.Џ.(28) од село Мала Речица, тетовско. Нападот го прекинале полициски службеници кои биле на местото, по што осомничениот е спроведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

КЛЕКОВСКИ ПО НАПАДИТЕ ВРЗ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА – „НЕ МОЖЕ СЕКОЈА БРЗА ПОМОШ ДА ИМА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ“

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВО СРЕДА СЕ БУДИ ВО МИНУС – Потоа следуваат обилни дождови, силен ветер и снег за викендот

ДЕСК

Попов: После 14 години СДС во Центар, општината не е способна да реализира сериозен проект, освен да нацрта мурал

ДЕСК