Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

НЕБОТО ЌЕ СЕ РАЗЛУТИ ВО ПЕТОК: Се очекуваат поинтензивни процеси и пад на температурите

До четврток, времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Поради големата енергија и влага во атмосферата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во петок се очекува процесите да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени. Од петок ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 10.06.2026
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 26°C до 34°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град.

Прогноза за 11.06.2026
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 27°C до 34°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 12.06.2026
Минимална температура: 8°C до 19°C
Максимална температура: 24°C до 32°C

Сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец кој наместа повремено ќе достигнува брзина од 60 km/h.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтинг

ДЕСК

Нови шест автопатски проекти кои носат инвестиции, работни места и економски раст, најави Мицкоски

ДЕСК

ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 25,2%, додека СДСМ е втора партија со поддршка од 8,6% од граѓаните

ДЕСК