Centar.mk
СВЕТ

Британците жалат за Брегзит, само дел од постарата популација е против ЕУ

Доколку референдумот за Брегзит беше организиран денес, мнозинството Британци не би гласале за излегување на Велика Британија од Европската Унија, според резултатите од анкетата објавена денес.

На референдумот одржан во 2016 година, граѓаните на Велика Британија гласаа за Брегзит.

Резултатите од анкетата спроведена од Ипсос на примерок од 1.137 возрасни Британци покажаа дека 52 проценти од Британците сметаат дека Велика Британија треба повторно да се приклучи на ЕУ, објавува Блумберг.

На прашањето како би гласале на хипотетички повторен референдум, само 33 проценти од испитаниците одговориле дека Велика Британија треба да остане надвор од ЕУ, а речиси секој десетти испитаник бил неодлучен.

Директорот за политички прашања во Ипсос, Киран Педли, рече дека бројките покажуваат јасна промена во расположението на британската јавност и додаде дека дебатата за односот на Велика Британија со Европа во никој случај не е завршена во умовите на Британците.

Помладите гласачи во огромно мнозинство го поддржуваат откажувањето на Брегзит, додека половина од оние над 55 години се против враќањето во блокот на ЕУ.

Десет години по референдумот за излез на Велика Британија од Европската Унија, имиграцијата е сè уште една од најконтроверзните теми во британската политика и главен извор на поделба меѓу гласачите.

Специјална анкета на Ипсос спроведена во април оваа година покажа дека Британците ги гледаат Обединетото Кралство и Европа како субјекти кои имаат заеднички интереси во области како што се одбраната, трговијата и климатските промени и очекуваат двете страни тесно да соработуваат.

Сепак, мислењата се многу поделени кога станува збор за имиграцијата и речиси 40 проценти од Британците сметаат дека Велика Британија и ЕУ имаат спротивставени интереси кога станува збор за нелегалната имиграција, додека приближно една четвртина од нив сметаат дека нивните интереси се усогласени.

„Требаше да бидеме свесни дека идниот референдум би можел да се одвива поинаку во пракса. Кога на јавноста ѝ се презентираат разни компромиси поврзани со односите со ЕУ, сликата станува многу посложена“, истакна Педли./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Повлечено предупредувањето за цунами по земјотресот на Филипините

C +

Министерот за одбрана на САД: Голем договор со Иран е блиску

C +

Каја Калас: На Блискиот Исток не му е потребна ескалација

C +