Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без возачка дозвола, а тројца под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од кои пет возеле без возачка дозвола (четворица во Скопје, и еден во село Горно Јаболчиште, општина Чашка, велешко), тројца под дејство на алкохол (по еден во Прилеп, Валандово и Кавадарци). По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Можеби ќе ве интересира

ТРИ СМРТНИ СЛУЧАИ ГО ПОТРЕСОА СКОПЈЕ: Починати лица пронајдени под возило, во дом и во хотелска соба

ДЕСК

МИСТЕРИОЗЕН СЛУЧАЈ ВО КУЧКОВО: Починат маж пронајден под возило, телото дадено на обдукција

ДЕСК

ВЕЛОСИПЕДИСТ ПРЕГАЗИЛ ПЕШАК И ТЕШКО ГО ПОВРЕДИЛ, ПА ПОБЕГНАЛ: Хорор на “Партизанска”

ДЕСК