Четири земјотреси во краток временски интервал ја погодија Грција, во поширокиот регион кај Халкида, при што најсилниот потрес бил со магнитуда од 5,2 степени според Рихтеровата скала.
Според податоците на EMSC, првиот земјотрес бил регистриран во близина на Мантуди. Првично бил проценет на 5,3 степени, но подоцна јачината била ревидирана на 4,8 степени. Набргу потоа следувале уште неколку потреси со магнитуда од 4,3, 5,2 и 5,0 степени.
Епицентрите биле во близина на Лимни, а земјотресите се случиле на релативно мала длабочина, од околу 5 до 10 километри под површината на земјата.
Потресите биле силно почувствувани во Халкида, но и во Атина, каде жители пријавиле нишање на лустери, тресење на предмети и краткотрајна вознемиреност.
Засега нема информации за повредени лица или поголема материјална штета. Сеизмолошките служби ја следат состојбата.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


