Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВЕЛОСИПЕДИСТ ТЕШКО ПОВРЕДЕН КАЈ НЕРАШТЕ: Возачот го однел во амбуланта, па си заминал, а потоа направил нешто неочекувано

На 06.06.2026 околу 15:30 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат с. Нераште – с. Радуша, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки удрило во велосипедистот А.М. (29) од Тетово.

По несреќата, возачот со возилото го пренел повредениот велосипедист во приватна амбуланта во село Нераште, по што си заминал. Потоа А.М. со друго возило бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, а за време на вршењето на увидот, на местото дошол Л.М. (39) од с.Нераште со возилото “фолксваген туран” и се пријавил дека тој учествувал во сообраќајната несреќа.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК