Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

БЕЗ ВОЗАЧКА, СО 2,75 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ: Маж осомничен за безобѕирно управување, сообраќајка, бегство од полиција, а потоа нападнал полицајци

ОВР Дебар поднесе кривична против маж (29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење на работи од областа на безбедноста“.

Тој, на 29.05.2026 во 23 часот, на улицата „ Зеќир Чанка“ во Дебар бил лишен од слобода затоа што управувајќи моторно возило „поло“ со дебарски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода и избегал, а потоа физички нападнал полициски службеници.

Откако е лишен од слобода, утврдено е дека немал положено возачки испит и по извршено алкотестирање кај него се констатирани 2,75 промили алкохол во крвта.

Можеби ќе ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

ДЕСК

Димитриевиќ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за Алта банка – СДСМ бара итна истрага!

ДЕСК

ВОЗЕЛ „АУДИ“ СО 2,20 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ – Приведен скопјанец во Охрид, возилото му е одземено

ДЕСК