Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ТЕТОВЕЦ ПРИВЕДЕН ПО ОБИД ЗА РАЗБОЈНИШТВО: Со пиштол барал пари во угостителски објект – бил пијан

Со брза реакција на тетовската полиција приведен е тетовец кој под дејство на алкохол и со пиштол се обидел да изврши разбојништво во угостителски објект, пронајден е пиштолот следува соодветна пријава

На 03.06.2026 во 16:00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода лице (22) од Тетово. ​При преглед кај него бил пронајден и одземен еден гасен пиштол, а по извршено алкотестирање било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,35 промили алкохол во крвта.

Претходно, во СВР Тетово А.И.(38) од Тетово пријавил дека околу 15:30 часот на неговото работно место во угостителскиот објект приведениот врз него извршил обид за разбојништво. Имено, ​според пријавеното, тој влегол во објектот и со закана со пиштол побарал од вработениот А.И. да му ги даде парите. Откако А.И. одбил и му рекол да излезе, помеѓу нив настанала физичка пресметка, при што со кундакот од пиштолот го удрил А.И. во пределот на главата.

После тоа, сега приведениот побегнал од местото, но набргу по преземени мерки е пронајден и лишен од слобода.​Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ПО СОНЧЕВИТЕ ПЕРИОДИ ДОАЃА ПРЕСВРТ: Следува НЕВРЕМЕ проследено со дожд, грмежи и засилен ветер

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ДОКУМЕНТИРА СЛУЧАЈ: Скопјанец нападнат на подрачјето на Центар

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Малолетничка жртва на полово вознемирување од страна на 57 годишен возач на комбе

ДЕСК