Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ПО СОНЧЕВИТЕ ПЕРИОДИ ДОАЃА ПРЕСВРТ: Следува НЕВРЕМЕ проследено со дожд, грмежи и засилен ветер

Утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m²), елекстични празнења, силен ветер и појава на град.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во сабота (06.06) и во понеделник (08.06) повторно се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и локално невреме.

Прогноза за 05.06.2026
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 25°C до 32°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 06.06.2026
Минимална температура: 9°C до 17°C
Максимална температура: 26°C до 33°C

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Прогноза за 07.06.202

Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 27°C до 35°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Можеби ќе ве интересира

ТЕТОВЕЦ ПРИВЕДЕН ПО ОБИД ЗА РАЗБОЈНИШТВО: Со пиштол барал пари во угостителски објект – бил пијан

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ДОКУМЕНТИРА СЛУЧАЈ: Скопјанец нападнат на подрачјето на Центар

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Малолетничка жртва на полово вознемирување од страна на 57 годишен возач на комбе

ДЕСК