Денеска на прес конференција во Владата, премиерот Христијан Мицкоски се обрати на јавноста, во врска со економските бројки
– Целта на денешната прес-конференција се најновите резултати објавени од Државниот завод за статистика, кои се однесуваат на растот на Бруто-домашниот производ. Овие бројки покажуваат дека растот на БДП повторно е меѓу првите пет во Европа, како процент од бруто домашниот производ, што претставува исклучителен резултат.
Пред да се осврнам повеќе на бројките, сакам да нагласам дека сум целосно свесен за сложеноста на работите од реалниот живот и тешките околности со кои се соочуваат граѓаните, но со кои и ние како влада се соочуваме. Ги разбирам проблемите, скапиот живот и секојдневните притисоци. Можеби некој има дилема за развојот што го креираме, а ќе има и такви кои на ова ќе гледаат како со потсмев, но сакам да нагласам дека нашата цел е да одиме чекор по чекор напред и грчевито да продолжиме да се бориме за подобар живот. Затоа што јас и сите ние мораме да веруваме дека можеме подобро и дека секој ден, секој час работиме Македонија да забрзува напред, рече Мицкоски.
Тој претстави три важни статистички параметри коишто во изминатиот период ДЗС ги објави:
– Денеска ДЗС ги објави овие бројки за :
1. Вредноста на растот на БДП според Еуростат, значи ова не вели Владата, не Христијан, не партиите туку Еуростат. Според Еуростат дадени се државите според остварениот раст на БДП, бројка како процент од БДП и ќе забалежите дека ние сме на 5тото место споредено со државите за кои што растот од страна на Еуростат е објавен, но веднаш позади Малта, Полска, Србија се наоѓаме ние практично.
Ако се анализираат табелите коишто ги објавува Еуростат ќе дојдеме до заклучок дека седмиот квартал по ред повторно откако се консолидирани институциите остваруваме како Влада рaст на БДП којшто се наоѓа најпрво во првата половина на Европа, а потоа и во првите пет земји во Европа според Еуростат. Повтoрно ќе кажам ова не е показател којшто го објавува Владата туку ова е параметар кој што го објавува Еуростат.
2. Вториот параметар за којшто исто така сакам да зборувам денес е индустриското производство.
Овде се сезонски неприлагодени и овде сезонски прилагодени резултати. Ова се индексите на индустриското производтсво. Знам дека ова ќе биде лоша вест за оние коишто не сакаат оваа држава да успее, а со тоа не сакаат и граѓаните да успеат, но ќе морам да ги разочарам , а е добра вест за огромно мнозинство македонски граѓани кога ќе прочитаат дека во Април месец оваа година индустриското производтсво порасна за цели 7,6% споредено со Април месец минатата година. И со тоа во првите четири месеци од годината, во првата третина од 2026та година како ретко која држава во Европа имаме индустриско производство коешто ни е во позитива, мала, 0,2 %, но не е во негатива во услови кога ја имаме најголемата, епски, енергетска криза во светот која што според сите познавачи од оваа област е поголема и од енергетските кризи во 70тите години од минатиот век и онаа енергетска криза од 2022 година кога започна војната во Украина.
3. И третиот параметар којшто исто така е добро да се знае во делот на економијата, повторно ќе биде разочарување за сите оние коишто не сакаат државата да успее, коишто на дневна основа се трудат да испратат што е можно повеќе конструкции и лаги, а тоа е бројот на нови креирани работни места, односно на нововработени.
Бројката на вработени е зголемена во првите 21 месец од работењето на оваа Влада; зашто велиме во првите 21 месец ?
Затоа што стапката на вработени на крајот од Март 26та година е 707. 385, додека пак кога беше избрана Владата во Јуни 2024тата а тоа е крајот на вториот квартал, бројот на вработени беше 691.736 или отприлика цели 17.000 односно ако добро пресметаме 16 илјади нови креирани нови работни места. Јас знам дека овие информации и овие бројки коишто се само три на денешната прес- конференција, за некои од другите параметри ќе зборува и министерката за финансии, ќе бидат лоша вест за оние коишто се молат оваа држава да не успее, но добра вест за огромно мнозинство граѓани бидејќи Македонија забрзува и Македонија се движи напред.
Почитувани претставници на медиумите, почитувана македонска јавност,
Целта на денешната прес- конференција беше да објасниме практично што е она што го работиме и какви се бројките. Затоа што Македонија забрзува и државата мора да оди напред.
Покажуваме дека со скромни ресурси можеме да направиме многу. Остануваме посветени на решавање на проблемите, враќање на долговите и решавање на нафтената криза, која е увезена. Обезбедуваме инвестиции и отвораме нови работни места. Ние мораме да обезбедиме напредок и да ги оставиме изговорите, нема очајување.
Во време кога регионот и светот се соочуваат со сериозни економски, безбедносни и политички предизвици, кога многу држави се борат со последиците од глобалните кризи, инфлациските притисоци, нарушените пазари и геополитичката неизвесност, покажуваме дека може да оди напред.
И покрај сложеното опкружување, државата бележи раст, се движи во позитивна насока и покажува дека со одговорни политики, дисциплина и јасен план може да се создава стабилност, да се поттикнува развој и да се отвора простор за подобар живот на граѓаните.
Тоа е особено важно затоа што успехот во вакви услови не пред се резултатот на она коешто претставува наследена состојба, туку пред се резултатот на посветена работа, јасни приоритети и решителност државата да не биде заложник на кризите, туку истите да ги решава и да ги надминува.
Да не заборавиме дека ова е Влада која останува посветена и на борбата против корупцијата и дека разликата се чувствува во фактот што правдата и правилата мора да важат за секого, рече премиерот Христијан Мицкоски.
Очекувам во периодот што следи темпото и резултатите од работата да бидат уште посилни.
Економскиот раст и зголемувањето на БДП не се само бројки- тие се доказ за нашата работа, инвестиции и заедничка посветеност кон подобра иднина. Нашата цел е силна, стабилна и конкурентна економија што ќе создава нови работни места, повисоки плати и подобар животен стандард за сите. Ќе продолжиме со политики што поттикнуваат развој, иновации и економски напредок. Заедно, чекор по чекор, ја градиме иднината на нашата држава.
Ви благодарам.“
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


