Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Цветановски: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата – народот живее полошо и нема пари

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски – членка на Извршниот одбор:

Мицкоски дојде на власт со лаги. Ги излажа граѓаните за враќање на името, за Преспанскиот договор, за подобра преговарачка рамка.

Ги излажа и за економијата.

Изминуваат 2 години, половина од мандат на Христијан Мицкоски а ниту едно од ветувањата во економијата не е остварено.

Наместо подобар живот и повисок стандард, народот живее полошо и со помалку пари. Наместо нови инвестиции – инвеститорите си заминуваат. Наместо намалување на задолжувањето имаме рекордно зголемување и нови долгови.

Економската политика на Владата на ВМРО и Мицкоски доживува целосен дебакл.
Во Буџетот нема пари, расте дефицитот додека власта трупа нови долгови на грбот на граѓаните.

Според официјалните податоци од Министерството за финансии, заклучно со 27 мај се реализирани 76 проценти од вкупно планираниот годишен буџетски дефицит.

Затоа ѝ се брзаше на власта да го истурка новото скапо задолжување од 260 милиони евра – со грубо кршење на деловничките процедури и злоупотреба на Собранието.

Затоа излажа и министерката за финансии, прво не повика да ни објасни па потоа побегна.

За две години ВМРО создаде нов долг од 2,5 милијарди евра, а јавниот долг се зголеми на историски највисоки 11 милијарди евра – долг што ќе го плаќаат идните генерации.

Ова не се пари за граѓаните, ниту за капитални инвестиции. Ова се пари за криминалните тендери на расипничката Влада на ВМРО, што душмански ја задолжува државата.

А за граѓаните нема повисоки плати, нема 600 евра минимална плата, нема ниту мерки за заштита на животниот стандард, додека инфлацијата од 5,7% го јаде семејниот буџет.

Скоро 69.000 денари се потребни само за покривање на основните трошоци за живот – две минимални плати не стигнуваат за живот.

Нема пари за исплата и за повисоки субвенции за земјоделците. Дополнително, власта на дел од земјоделците им бара да вратат пари назад.

Се крати и од студентите – се намалуваат стипендиите за социјални категории, поскапува сместувањето во студентските домови.

ВМРО крати од сите, за да има повеќе за нивните криминални тендери и луксузи.

За две години го осиромашија народот. Уште во првата година од владата на ВМРО, стапката на сиромаштија е дури 21,9% – секој петти граѓанин живее на прагот на сиромаштија.

Нивото на странски инвестиции е намалено за 60%.

Бројот на работниците во индустријата за една година е намален за 2,8%.

Ова е реалноста што власта секојдневно се обидува да ја сокрие со пропаганда, лаги и дефокус.

Мицкоски ги излажа граѓаните а цената ја плаќаат граѓаните, со празни џебови и се потежок живот од ден во ден.

Можеби ќе ве интересира

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

ДЕСК

ПИЈАН, БЕЗ ДОЗВОЛА И ПО БЕГСТВО ОД НЕСРЕЌА: Дебарчанец нападнал и полицајци

ДЕСК

ДРАМА НА ПАТОТ КИЧЕВО – ГОСТИВАР: Четири возила учествувале во сообраќајка

ДЕСК