Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ТРАГЕДИИТЕ НЕ ЗАПИРААТ: Деветнаесетгодишен мотоциклист почина по сообраќајна несреќа среде Скопје

Деветнаесетгодишен мотоциклист од Скопје починал по сообраќајна несреќа што синоќа се случила на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“.

Според информациите, во несреќата учествувале патничко возило „ауди А4“, мотоцикл „БМВ“ и мотоцикл „Хонда“. Повредениот мотоциклист бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починал.

По наредба на јавен обвинител, возачот на автомобилот бил лишен од слобода. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК