Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали за трагедијата во Скопје: Загина 19 годишно момче

На 29.05.2026 во 22:21 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул. „Никола Карев“ и ул. „Прохор Пчински“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.Х.(31) од с. Визбегово, скопско, мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки управуван од М.Ф.(19) од Скопје и мотоцикл „хонда хдв“ со скопски регистарски ознаки управуван од Н.Б.(21) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Ф. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде подоцна починал. По наредба на јавен обвинител возачот Н.Х. бил лишен од слобода. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК