Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО КУМАНОВСКО: Мопедист пренесен во болница

На 29.05.2026 околу 17:40 часот во СВР Куманово е пријавено дека во с.Горно Коњаре, кумановско на крстосница од локален пат што води кон место викано „Бело-Брдо“ и локален пат што води кон место викано „Млинари“, се случила сообраќајна несреќа во која И.Ѓ.(57) од с.Горно Коњаре управувајќи мопед „кимко“ со кумановски регистарски ознаки за да не се судри директно со товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки управувано од К.Т.(61) од Куманово свртил нагло по што изгубил контрола и заедно со мопедот паднал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК