Centar.mk
-КУЛТУРА

Спектакуларно затворање на 54.„Мајски оперски вечери“ со Вердиевото ремек-дело „Набуко“ на 31 мај 2026

Со изведбата на грандиозната опера „Набуко“ од Џузепе Верди, на 31 мај со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет свечено ќе биде затворено 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“.

Операта ќе биде изведена под диригентската палка на гостинот од Аргентина, Јерухам Шаровски, во режија на Ренато Бонајуто (Италија). Сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси (Италија), кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска.

Насловната улога – Набуко – ќе ја толкува Алберто Газале (Италија), во улогата на Абигаиле ќе настапи Сузана Бранкини (Италија), Николина Јаневска ќе ја толкува улогата на Фенена, Ѓорѓи Цуцковски ќе настапи како Исмаил, а во улогата на Захарие ќе настапи Хиденори Иноуе (Јапонија). Во останатите улоги ќе настапат Диме Петров, Ана Ројдева и Никола Стојчевски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, како и ученици од балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

Изведбата на операта „Набуко“ од Џузепе Верди, ќе биде посветена на неодамна трагично починатиот првенец на Националната опера и балет, баритонот Ристе Велков.

Со својата уметност, глас и сценско присуство, Ристе Велков остави длабока и трајна трага во македонската оперска уметност. Токму улогата на Набуко беше една од неговите најзначајни и највпечатливи сценски остварувања на матичната сцена.

Неговото име и уметничко наследство ќе останат трајно врежани во историјата на македонската опера.

Можеби ќе ве интересира

ЛИНК ГО ОСТАВИЛ БЕЗ ИЛЈАДНИЦИ ДЕНАРИ: Четириесет и седумгодишник измамен преку онлајн платформа

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ТЕТОВО: Жена тепала мало дете на улица, минувачи застанале да го заштитат, а мајката го оставила и си заминала

ДЕСК

Беким Сали: Реформите носат конкретни резултати – Северна Македонија останува меѓу лидерите во спроведувањето на Реформската агенда

ДЕСК