Centar.mk
фото Град Скопје
ЛОКАЛНО

СКОПЈЕ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА: Потпишан меморандум за култура, туризам и „Скопје 2028“

Градот Скопје и Министерството за култура и туризам денес потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на културата, туризмот и културно-туристичката понуда на главниот град.

Меморандумот, потпишан од градоначалникот на Град Скопје и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, претставува важен чекор во подготовките за „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“ и има за цел посилна институционална координација во развојот и промоцијата на културните и туристичките потенцијали на градот.

Со соработката се предвидува поголема видливост на културно-историските локалитети, подобрување на условите за посетителите и развој на нови културни содржини, со што Скопје ќе се позиционира како современ, отворен и автентичен европски културен центар.

фото Град Скопје

Можеби ќе ве интересира

Се асфалтира ул. „111“ во м.в Јака – Марино, општина Илинден

ДЕСК

Герасимовски: Доделени пехари и награди на Пензионерските спортски игри, Центар го поттикнува активниот живот во третото доба

ДЕСК

Водовод Скопје: Последен ден од акцијата за отплата на долгови без пресметка на камата

ДЕСК