Centar.mk
СВЕТ

Северна Кореја тестира нов ракетен систем под надзор на Ким Џонг Ун

Северна Кореја тестираше новоразвиен лесен повеќенаменски систем за лансирање проектили, како и повеќе тактички крстосувачки ракети, под надзор на лидерот Ким Џонг Ун, јавија државните медиуми.

Според севернокорејската новинска агенција „КЦНА“, тестирањата биле извршени вчера и се дел од планот за модернизација на артилериските и ракетните вооружени сили, со цел постигнување на петгодишните цели за развој на националната одбрана.

Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја истрелала неколку балистички ракети со краток дострел, под 300 километри, како и артилериски ракети од подрачје во близина на градот Чонджу на северозападот од земјата.

„КЦНА“ наведува дека при тестирањата биле анализирани и проценети повеќе системи, меѓу кои боеви глави на тактички балистички ракети, прецизни навигациски системи и тактички крстосувачки ракети водени со „вештачка интелигенција“.

Лидерот Ким Џонг Ун, според извештаите, ги пофалил тестовите, оценувајќи ги како показател за техничкиот напредок на вооружените сили. Ова е осмо тестирање на балистички ракети од Северна Кореја оваа година./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО ЈЕМЕН – Десетици загинати во воздушни напади во близина на Сана

ДЕСК

КРВАВ НАПАД ВО ПОЛСКА – Шестмина загинати и 15 повредени во пукање во Краков

ДЕСК

ИЗБОРНА ДРАМА ВО НОВ ЗЕЛАНД – Власта и опозицијата во тесна трка, помалите партии можат да одлучуваат

ДЕСК