Во првото тримесечје од 2026 година, во споредба со истиот период од 2025 година, бројот на живородените деца e 3 380 и е намален за 4.1 %, информира Државниот завод за статистика.
Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2026 година бележи намалување од 1.0 % во споредба со истото тримесечје од 2025 година и изнесува 5 342 лица, а од нив 9 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -1 962, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во ова тримесечје од годината се склучени 1 797 бракови и нивниот број е намален за 2.7 % во споредба со истиот период од 2025 година, а регистрирани се 494 разведени бракови, што претставува зголемување од 6.2 % во споредба со истиот период од 2025 година.
Во првото тримесечје од 2026 година во однос на првото тримесечје од 2025 година:
- помалку живородени деца за 4.1 %
- помалку умрени лица за 1.0 %
- помалку склучени бракови за 2.7 %
- повеќе разведени бракови за 6.2
Табели
| I тр. 2025 | I тр. 2026 | |
|---|---|---|
| Живородени | 3 526 | 3 380 |
| Мртвородени | 16 | 18 |
| Умрени | 5 398 | 5 342 |
| Природен прираст | -1 872 | -1 962 |
| Умрени доенчиња | 15 | 9 |
| Склучени бракови | 1 846 | 1 797 |
| Разведени бракови | 465 | 494 |
извор: Државен Завод за Статистика
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


