Centar.mk
БИЗНИС

Цената на нафтата повторно порасна, поради нападите на САД врз Иран

Европските берзански индекси денес се претежно во пад, а цената на нафтата „Брент“ повторно порасна за речиси два проценти, бидејќи воените напади на Соединетите Американски Држави на југот на Иран ги загрижија инвеститорите кои се надеваат на мировен договор меѓу Вашингтон и Техеран.

Според податоците од берзата во 9:30 часот наутро, цената на суровата нафта се зголеми за 1,52 проценти на 92.439 долари, а нафтата „Брент“ за 1,73 проценти на 98.887 долари.

Американската војска соопшти дека „спровела напади за самоодбрана во јужен Иран“, насочени кон бродови за кои се тврди дека се обидуваат да постават мини, како и места за лансирање ракети, објави CNN.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека разговорите со Иран „напредуваат убаво“, но предупреди дека Вашингтон би можел да продолжи со воените дејствија на Блискиот Исток ако преговорите не успеат./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ДЕТСКИ РОДЕНДЕН СТАНА МИНИ-СВАДБА: Игрална, торта, подарок — колку навистина чини?

ДЕСК

Кафичите и рестораните стануваат се поскапи и понедостижни за просечниот граѓанин

ДЕСК

Средба на гувернерот Славески со директорот на ЕБОР, Желињски: Продлабочување на соработката за поддршка на одржливиот економски развој и финансиската вклученост

ДЕСК