Centar.mk
МОЗАИК

Дали миењето на пилешкото месо пред пржење прави повеќе штета отколку корист?

Експертите предупредуваат дека миењето на сирово пилешко пред готвење може да биде опасно за здравјето бидејќи го зголемува ризикот од ширење на бактерии низ кујната.

Иако многумина веруваат дека миењето ги отстранува бактериите, здравствените експерти тврдат дека водата не може да уништи патогени како што е салмонелата, но може да ги прошири на мијалникот, кујнските површини и приборот.

Според податоците од Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC), единствениот безбеден начин за уништување на бактериите е правилна термичка обработка на месото. Пилешкото треба да се подготвува на температура од најмалку 74 степени Целзиусови за да биде безбедно за консумирање.

Професорот Дарин Детвилер предупреди дека миењето на пилешкото предизвикува вкрстена контаминација и ја зголемува можноста за ширење бактерии во кујната. Истражувањата покажуваат дека голем број луѓе кои мијат пилешко го контаминирале мијалникот и другата храна што ја подготвиле.

Салмонелата е една од најчестите бактерии што се пренесуваат преку храна и може да предизвика дијареја, треска, болки во стомакот и сериозни компликации во тешки случаи. Експертите истакнуваат дека денешното пилешко од продавниците е веќе преработено и подготвено за готвење, поради што миењето не е потребно.

Се препорачува и правилно складирање на живина, одвојување на сировото месо од другата храна и темелно миење на приборот и површините што доаѓаат во контакт со пилешкото месо./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленчук што го зајакнува имунитетот и ја подобрува работата на срцето

C +

Дневен хороскоп за 10 јуни 2026 година: Ден што ги отвора старите врати, но само за оние што се подготвени да влезат

ДЕСК

Бегство од брзото секојдневие: Селата во Туркије меѓу најпосакуваните дестинации за мирен одмор

ДЕСК